Додека нејзините родители отслужуваат затворска казна, таа ужива во луксуз и ги троши нивните пари: Ќерката на славната актерка повторно шокира!

Предизвикала лавина негативни коментари

Ужива на егзотична дестинација

Оливија Џејд била фотографирана во минијатурно бикини додека се забавувала покрај базен во мексиканското одморалиште Кабо Сан Лукас, и токму тие фотографии предизвикале лавина негативни коментари.

Се чини дека целосно заборавила на проблемите и случајот поради кој мајка ѝ и татко ѝ завршиле во затвор, па нејзиниот главен проблем периодов е како да направи најдобри фотографии што ќе ги сподели со 1,3 милионите следбеници на Инстаграм, каде што е вистинска ѕвезда.

21-годишната Оливија е ќерка на славната актерка Лори Лафлин и модниот дизајнер Мосимо Џанулио, кои завршиле во затвор бидејќи биле вплеткани во скандал што го потресе Холивуд. Имено, тие со измама ѝ обезбедиле на наследничката упис на престижен факултет.

Нејзината мајка Лори поминала 2 месеца во затвор, додека нејзиниот сопруг добил казна од 5 месеца и наскоро ќе биде на слобода. Поради скандалот што им се случил, размислуваат засекогаш да се повлечат од јавниот живот.

„Неодамна се преселија од својот простран дом во Бел Ер во помал стан во Хиден Хилс, а почнаа да гледаат куќи далеку од градот“, рекол добро информиран извор.

Лори во 1990-те години се прослави во хумористичната серија „Полна куќа“, Двојката, освен Оливија, има и 22-годишна ќерка Бела.

Поради аферата со 22 години помладиот кошаркар, таа е во центарот на скандалите: Додека тој се разведува, таа позира во бикини!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.