Ирина Шајк ја откри својата тајна: Еве како се спасила од здодевните мозолчиња
Трик за блескав тен
Руската манекенка Ирина Шајк (35) важи за една од најубавите жени на светот. Нејзините зелени очи, костенливата коса и широката насмевка едноставно маѓепсуваат, меѓутоа и таа мака мачи со вообичаените дерматолошки проблеми.
Обожавам коректор затоа што го аннесувам на критичните точки на лицето, под очите и во пределот на брадата, но никогаш не ставам пудра на целото лице. Обожавам и хајлајтери, овој козметички производ навистина може да го истакне лицето“, ја открива својата рутина на шминкање, а еве како го негува лицето:
View this post on Instagram
Наутро, лицето го мијам само со вода, додека навечер темелно ја чистам кожата. Често менувам производи и сакам да ги испробувам. Секој ден нанесувам хидратантен крем, а налето избирам лесни серуми. Исто така, обожавам кокосово масло, кое често го користам за нега на телото и го нанесувам на влажна кожа, веднаш по туширањето“, открива Ирина.
Убавата Русинка додава и дека редовно нанесува препарати со СПФ заштитен фактор.
Го нанесувам на кожата на лицето, вратот и на рацете, дури и кога не престојувам на сонце. Имам светла кожа и СПФ за мене е императив!“
View this post on Instagram
Иако се обидува да јаде здраво, понекогаш не може да одолее на хамбургер или пица. Но таа целосно исфрли од исхраната неколку намирници.
Најважното правило за убава кожа е да пиете многу вода и соодветна хидратација. Плус, не јадете помфрит и чипс и вашата кожа ќе свети. Сериозно, кога ќе јадам помфрит или чипс, кожата ми ‘дивее’ следниот ден. Дефинитивно добивам неколку мозолчиња, и лицето ми изгледа дехидрирано и уморно. Избегнете го тоа и веќе сте на половина пат до убав тен“, заклучува Ирина Шајк.
Фото: Инстаграм, Getty Images