Два начина за поправка на скршен нокт без да го исечете

Корисни совети

Понекогаш кршење нокт непосредно пред настан може да ни го уништи расположението, особено ако сте внимавале на него толку долго.

За да можете барем на некое време да ја поправите штетата, ви носиме две решенија што треба да направите.

Секогаш имајте транспарентни типсови дома

Дури и ако немате вештачки нокти, ова е добар производ за дома, затоа што може да ви помогне кога ви треба најмногу. Едноставно скратете го до должината на другите, залепете и нанесете го лакот за нокти што го имате. Како краткорочно решение, никој нема да забележи дека само еден нокт е различен, бидејќи должината и бојата се исти. Можете дури и да го оставите додека не порасне до саканата должина и едноставно да го отстраните вештачкиот нокт што сте го залепиле. Бидете внимателни да изберете најтенки типсови и највисок квалитет на лепак за да не се оштетат дополнително ноктите.

Ако ноктот ви е испукан од страна, користете кесичка од чај

Ова е еден од најстарите трикови што навистина функционираат. Прво, отсечете мал дел од чајната кесичка обрнувајќи внимание на тоа колку од ноктот е оштетен. Нанесете малку лепак на ноктот на скршената линија и поставете ја исечената кесичка од чајот на неа, осигурувајќи се дека го покрива целиот дел од скршениот нокт. Кога е целосно суво, повторно употребете го лепилото и поминете со турпија за нокти. Потоа можете да нанесете лак за нокти.

Прочитајте и: Летна нега: 3 совети кои се основата на убавата кожа и коса

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.