Летна нега: 3 совети кои се основата на убавата кожа и коса

Бидете негувани

Летото е време кога на вашата кожа, како и на вашата коса ѝ е потребна постојана грижа за да изгледа убаво. Постојат неколку работи на кои треба да внимавате и доколку не практикувате некои од овие правила, време е да започнете веднаш.

СПФ секогаш и секаде

Не можеме доволно да ја потенцираме важноста за употреба на заштитен фактор. SPF треба да се користи во текот на целата година на изложени области на кожата – и да, тоа значи дури и во зима, и да, тоа значи апсолутно секогаш во текот на летото, дури и ако не сте на море. Покрај тоа што ве заштитува од сериозни заболувања на кожата, спречува забрзано стареење на кожата.

Нахранете ја косата

Престојот на сонце и на море може да има непожелни последици по здравјето на вашата коса. За да спречите дополнително сушење, нанесете маска најмалку 2 пати неделно, а доколку знаете дека ќе го поминете целиот ден на плажа, заштитете ја косата од сол, хлор и УВ зраци со регенератор кој не се плакне.

Пијте доволно вода

Високите температури ја поттикнуваат внатрешната дехидрација што може да доведе до сериозни здравствени проблеми и дефинитивно ќе се види и на вашата кожа. Бидете сигурни дека пиете минимум 8 чаши вода на ден, што е минимум потребен за одржување на рамнотежата во организмот и поттикнување на детоксикација.

Прочитајте и: Вака се храни најпривлечната жена на светот: Оливија Кулпо има тело од соништата благодарение на ова мени!

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.