Гоца Тржан: „Да сакаш значи да не бидеш себичен“ (ФОТО)
Емотивна порака за сопругот
Гоца Тржан на својот инстаграм-профил објави фотографија на која позира со сопругот Раша Новаковиќ, во чиј опис го напиша следново:
Да сакаш значи да не бидеш себичен, да си слободен, искрено среќен и прифатен. Нашата љубов ќе не’ однесе каде и да посакаме и ќе придонесе да бидеме она што сакаме да бидеме. Сакајте како да нема утре… Како што јас те сакам тебе“, порача поп-пејачката.
Инаку, Гоца и Раша се во среќен брак пет години, а последниве години работат на проширување на семејството, надевајќи се дека наскоро ќе бидат благословени.
Фото: Инстаграм