Погачата треба да биде најубавиот украс на свечената трпеза
Состојки:
За квасецот:
- 1/4 пивски квасец
- 1 супена лажица шеќер
- 1 супена лажица брашно
- малку млеко
За тестото:
- 500 г брашно
- 5 г сув квасец
- 1 супена лажица сол
- 2 јајца
- 250 мл топло млеко
- 50-100 мл масло
- 250 г маргарин
За премачкување:
- 1 јајце
- малку сусам
- 1 супена лажица брашно
Приготвување:
Направете го квасецот. Измешајте квасец, малку топло млеко, лажиче шеќер и лажиче брашно. Нека отстои додека нарасне. Пригответе го тестото. Додајте брашно, сув квасец, јајца, приготвениот квасец и топло млеко. Потоа, замесете тесто, па додајте масло и продолжете да месите. Оставете го тестото да одмори 10 минути.
Расукајте го тестото. Премачкајте го со листови маргарин. Преклопете го тестото и оставете го да одмори 10 минути. Повторете ја постапката уште еднаш. Оставете го тестото да нарасне уште 10 минути. Со некој огноотпорен сад направете дупка за јајца и завиткајте го тестото околу тој сад. Премачкајте го тестото со смеса од јајца, лажиче брашно и сусам. Додајте листови маргарин одозгора. Печете во загреана рерна 30 минути на 200 степени Целзиусови.
Рецепт за најмеката погача на светот: Останува свежа и до неколку дена!