Рецепт за најмеката погача на светот: Останува свежа и до неколку дена!

Пробајте!

Ова е вистински рецепт за совршено меко и воздушесто тесто што ќе го обожавате

Состојки:
  • 20 грама квасец
  • околу 400 грама брашно
  • 200 милилитри млако млеко
  • 1 лажиче шеќер
  • малку сол
  • 2 лажици масло
  • 1 јајце + 1 жолчка
  • 2 лажици масло
  • масло за премачкување
  • малку павлака
  • сусам за наросување
Приготвување:

Стопете го квасецот во малку млака вода, додајте шеќер и оставете го 5 минути да се растопи и запени. Во сад скршете јајце па изматете го малку со лажица, додајте млеко, квасец, масло, брашно, сол, па замесете меко тесто.

Оставете го покриено 15 минути, па расукајте го на 1 сантиметар дебелина и со калап за крофни извадете крофни. Премачкајте ги озгора со масло.

Спојте ги сите три и завиткајте ги. Пресечете ги на пола со ножици или со нож. Во подмачкан плех редете ги розичките, така што делот каде што сте ги пресекле треба да дојде на дното од плехот.

Покријте ја и оставете ја погачата да отстои, па премачкајте ја со жолчка и лажица павлака. Наросете ја со црн сусам. Печете ја на 200 степени Целзиусови околу 30 минути.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.