Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ неодамна одговараше на прашањата што нејзините следбеници и’ ги поставуваа на Инстаграм.
Меѓу нив имаше такви што сакаа да ја дознаат најлудата работа што ја има направено заради момче, а Анастасија својот одговор го почна со зборовите дека настанот се случил кога имала 13 години.
На сите начини се обидувам да му го привлечам вниманието на едно момче што многу ми се допаѓаше. Една постара другарка ме посоветува да му испратам стих од некоја песна. Одлучив тоа да биде стих од песната на Сека Алексиќ ‘Јави ми се ако си уметник во љубовта’. Никогаш не ми одговори, а мене ми беше толку многу срам поради тоа што посакав да се убијам!“, искрена беше Анастасија.
Фото: Инстаграм