Популарната пејачка се збогува со „раскошната грива“: Премиера на новата фризура (ФОТО)
Дали ви се допаѓа новата Камила?
Популарната Камила Кабељо, која беше препознатлива по долгата кафена коса со шишки, ги изнанеди своите многубројни следбеници со објавата на инстаграм-профилот.
Имено, славната „сењорита“ објави фотографија на која позира со значително пократка коса, поточно боб-фризура, во чиј опис, меѓу другото, им порача на следбениците „дека одлучила да оддели време само за себе и да си се посвети себеси, следејќи ја својата интуиција иправејќиги нештата што ја радуваат.
Инаку, пејачката моментално се наоѓа во Лондон каде што работи на спотот за новата песна која наскоро ќе излезе.
Навистина уживам и едвај чекам да видите што ново ви подготвувам“ – заклучи Камила.
Фото: Инстаграм, Getty Images