Спас од расипани и осетливи заби: Curaprox Perio Plus+
Идеално за лица што имаат зголемен ризик од заболувања на забите и непцата
Линијата Curaprox Perio Plus+ содржи четири раствори за плакнење на устата, паста за заби и гел. Сите производи содржат хлорхексидин (CHX) во различни концентрации и CITROX. Дополнителна заштита овозможува и кополимерот PVP/VA, кој формира заштитен слој околу забите и слузокожата.
Заедно со брезовиот шеќер ксилитол овозможува заштита од кариес. Растворот за плакнење Perio Plus+ Regenerate, пастата за заби Support и гелот Focus содржат и хијалуронска киселина.
Таа придонесува за регенерација на ткивата, зараснување на раните и ги хидрира површинските слоеви на слузокожата. Со тоа ја намалува можноста од компликации и го забрзува процесот на заздравување.
Производите Curaprox Perio Plus+ се идеални за лица што имаат зголемен ризик од заболувања на забите и непцата, како кариес, гингивитис и пародонтитис. Нивната употреба помага во регенерација на оралните ткива, заштита од кариес и се намалува осетливоста на забите.
Текст и фото: ПР