Застанува здивот од оваа убавина: “Ѕирнете“ во вилата на Синди Крафорд која е опкруженa со зеленило
Совршена убавица со совршен дом!
Секогаш сакаме да “ѕирнеме“ во домот на славните и богатите, а овој пат ви носиме фотографии од раскошната вила во која живее Синди Крафорд, која е опкружена со прекрасно зеленило.
Супермоделот Синди Крафорд и нејзиниот сопруг, Ренди Гербер, купиле куќа во градот Ла Квинта во Калифорнија за 5,4 милиони долари. Раскошната вила има 555 квадратни метри со четири спални соби и четири и пол купатила.
Пространата куќа е направена во стил на отворен простор, а позади стаклените површини кои се протегаат од подот до таванот, има прекрасен поглед кон небесното пространство, неверојатното зеленило, дрвјата и калифорниски ридови.
Куќата има и голем базен и тераса која повикува на уживање и освежување кое сигурно добро ќе ви дојде после големите жештини, кои се вообичаени во Калифорнија.