Највкусниот десерт што некогаш сте го пробале: Чоколадни колачиња
Има ли нешто подобро од чоколадо?
Рецепт за превкусен чоколаден колач кој се приготвува брзо и едноставно
Состојки:
За бисквитот
- 500 грама павлака
- 300 грама брашно
- 250 грама шеќер
- 120 милилитри масло
- 25 грама какао
- 2 лажички сода бикарбона
- парче путер
За глазурата
- 150 грама чоколадо за готвење
- 150 грама путер
- 120 милилитри млеко
- 120 грама шеќер
Приготвување:
Во сад ставете ги сите состојки за бисквитот, па добро изматете ги со миксер. Загрејте ја рерната на 200 степени. Подмачкајте го плехот со путер, а потоа сипете ја смесата за бисквитот и печете ја во рерна, околу половина час.
Стопете путер и чоколадо на пареа, додајте шеќер и млеко, па мешајте додека не добиете соединета смеса.
Кога бисквитот ќе биде испечен, оставете го малку да се олади, па прелејте го со глазура. Готовиот колач оставете го на собна температура да се излади, а потоа ставете го во фрижидер да се зацврсти.
Кога колачот целосно ќе се излади, послужете го исечен на коцки и уживајте.