Трикови за чистење на природен начин

Долго ве мачи прашањето како да го олесните процесот на чистење, и уште поважно, како да го направите доволно ефикасен?

За среќа, постојат неколку помалку познати трикови кои ќе ви помогнат да ги одржувате облеката и домот чисти и свежи подолго време. Ви претставувам неколку неверојатни идеи поради кои никогаш повеќе нема да ви се стемни кога ќе ги слушнете зборовите чистење, миење и стругање. Сигурни сме дека ќе бидете пријатно изненадени.

Дезинфицирајте го душекот со спреј

Се прашувате како да го направите свеж душекот на кој поминувате значително време? Се разбира, не можете да го испрете, но лесно можете да ги исчистите горните слоеви на душекот со спреј кој содржи алкохол и вода во сооднос 1:2. Исчистете го душекот со правосмукалка и потоа испрскајте го со алкохолниот спреј. Оставете да се исуши. Алкохолот ќе го дезинфицира горниот слој и ќе ги убие сите бактерии кои создаваат лош мирис.

Како перфектно да го измиете блендерот

Едноставно е: истурете малку вода и детергент за садови во блендерот и вклучете го неколку секунди. Потоа, само исплакнете го.

За да мириса свежо, песокот за мачката чувајте го во фрижидер!

Песокот за мачки добро ги впива мирисите. Ако го ставите во кутија, а кутијата во фрижидер, долго ќе мириса на свежо. Дури и кога целата храна во фрижидерот е свежа, понекогаш самата мешавина на мирисите создава непријатен мирис

Со солен грејпфрут против наслојките од бигор

Оваа необична комбинација ќе ви помогне да се ослободите од бигорот во бањата. Исечете го грејпфрутот на половина, ставете сол на едната половина и истријте ги кадата и мијалникот.

Внимавајте: користете ситна сол за да не ги оштетите површините!

Солта ќе ѝ ја врати бојата на вашата облека

За да ѝ ја вратите бојата на вашата облека, додајте половина чаша сол во машината за перење или рачно измијте ги алиштата во таа смеса. Боите повторно ќе бидат светли.

Вашите алишта ќе бидат снежно бели ако употребите таблета за машинско перење

За да ја одржите белата облека бела, натопете ја во следната смеса: измешајте ги детергентот и белилото во еднакви количини заедно со таблета за машинско перење. Потопете ги алиштата во оваа смеса неколку секунди, а потоа измијте ги нормално. Можете да ја употребите само таблетата, но ќе треба да ја растворите и да ги измиете алиштата со многу топла вода.

Тајна за брзо чистење на подот

Користете метла за успешно чистење на лајсни и тешко достапни места. Завиткајте ја во крпа од микрофибер и исчистете ги подовите. Ова ќе ви одземе само неколку минути.

Тавата за пржење ќе ви трае двојно повеќе ако не ја измиете веднаш

Најлесен начин да ја уништите површината на тавата е да ја измиете додека е топла. Тоа ќе доведе до согорување на остатоците од храна во неа, па ќе биде тешко да ги исчистите мрсните дамки. Почекајте тавата да се излади, па измијте ја.

Коцките мраз ќе ви помогнат да се ослободите од трагите од мебелот на тепихот

Можете да користите мраз за да ја израмните површината на тепихот кога на него има траги од мебел. На оштетените места ставете коцки мраз и оставете ги преку ноќ. Тепихот брзо ќе ја впие водата и трагите ќе исчезнат. Тајната на овој метод лежи во фактот што овој ефект се јавува постепено, па доколку истурите вода на трагите – тоа нема да ви помогне.

Обичната креда ќе ги отстрани мрсните дамки од облеката или тапетите

Кредата ефикасно ги отстранува мрсните дамки без разлика дали се на ѕидот или ткаенината. Истријте ги мрсните дамки со парче креда и почекајте 5 минути. Потоа, избришете ги тие места со влажна крпа. Ако дамките се упорни, повторете неколку пати.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.