Џенифер Анистон вака го почнува денот: Ова ѝ помага да го одржи здравиот дух

Нејзината тајна

Фото: Getty Images

Омилената холивудска ѕвезда и еден од култните ликови на „Пријатели“, Џенифер Анистон (53), вели дека секоја недела се почестува со мини-третман за лице, а денот го почнува со топла вода и лимон.

Нејзиниот активен животен стил во комбинација со јога и медијација ѝ помага да го одржи здравиот дух и здравото тело.

Јогата е најзаслужна за внатрешниот мир, а и за еластичност на телото.

Покрај неделните третмани за лице, една од работите на кои најмногу се радува секој ден е нејзиниот момент на медитација.

Тоа е мојот омилен момент“, изјави таа за списанието First For Women.

„Посакувам да можеме да го замрзнеме времето во тој магичен час затоа што има многу да се црпи од таму, тоа е уважување на денот.“

Освен што практикува јога, таа вели дека ужива да пишува бидејќи ја смирува.

Не е сè гламурозно во светот на Џен“, рече ѕвездата во We Are The Millers, додавајќи дека миењето садови го смета за терапевтско.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.