Магдалена Медичи – „Oвошното пире е одлична ужинка за секој почеток на денот или секогаш кога ми треба плус освежување“

На бескрајната листа на обврски во брзото секојдневие, неретко забораваме на себе и своето здравје. Небаре имаме време да сецкаме, блендираме или да бираме здрави намирници секој ден. Еуфоријата да бидеме во најдобра форма, како однадвор, така и одвнатре го достигнува својот максимум несомнено за време на летото.

И не само поради желбата да изгледаме совршено на плажа, туку и поради плејадата можности за спортски активности на отворено! Но, за да го извадиме максимумот од секоја активност, важно е да имаме добра мотивација и доволно енергија.

Кога ми фали мотивација да станам наутро пред да почне да гори асфалтот, ми текнува дека имам спремна ужинка за енергија плус, па полесно ми е да се организирам за пешачење до Водно! ‘Morning person’ сум за сѐ, освен кога треба да спремам здрава ужинка или доручек.

Затоа некој смислил и ги создал Нутрино лаб ужинките кои се состојат од 100% овошје и зеленчук и се спакувани во “пaуч” амбалажа за да останат свежи дури и надвор од ладилникот. Денес имам тон работа и ми треба убаво утринско освежување за да го поминам расположено цел ден !“, вели познатата македонска шминкерка Магдалена Медичи.

Инспирирани од здравиот живот, добрите навики и активното секојдневие, Nutrino Lab ја создадоа линијата на производи која нѝ овозможува здрава закуска во секој дел од денот!

Кога ве очекува напорна недела несомнено потребна ви е добра поткрепа за да можете со насмевка да ги завршите сите обврски кои трепкаат на вашата листа на обврски. Плус, ако на секојдневните патешествија, додадете и редовна физичка активност тогаш треба да се погрижите да внесете доволно влакна и витамини.

Nutrino Lab ужинките нудат совршената симбиоза исткаена во вкусни, хранливи, свежи, здрави производи без никакви додатоци. Функционалните пиреа се дизајнирани да ги задоволат различни енергетски потреби, да ве разбудат, освежат, да ви дадат енергија.

Богати со витамини, минерали и антиоксиданси, тие доаѓаат во варијации на најфино избалансирани вкусови на чисто овошје и зеленчук. Секоја мешавина е резултат на размислување и усогласување на различни ноти и хранливи материи, така што секое пире го носи авторскиот печат на иновативните технолози на Nutrino Lab.

Повеќе нема изговор дека немате време да одите по маркети и да си набавите огромна количина разновидно овошје, па да го блендирате за да направите совршен баланс на витамини, за секој ден да ви е покриен со потребната доза нутритивни вредности!

Секогаш ми било проблем да си ја организирам исхраната во текот на работниот ден, а не сум тип што сака да мати смуди секое утро. Нутрино лаб дефинитивно чита мисли, па ова што го нуди е најсовршената алтернатива за овошна ужинка за сите со мојот начин на живот. Плус не зафаќа многу место во ташна и е 200 мл, овошна свежина! Мора да ги пробате сите вкусови!“, вели Магдалена.

За оние кои внимаваат на хранливите вредности тука е Nutri-Score е иновативниот систем за означување кој ја прикажува хранливата вредност на производот на едноставен и сумарен начин. Хранливата вредност на храната или пијалоците се пресметува земајќи го предвид односот на состојките кои треба да се консумираат помалку, како што се заситените масти, шеќерите, солите и оние кои се поздрави, како што се влакна, протеини и протеини.

Во азбуката на урамнотежена исхрана, сите намирници се вклучени затоа што на телото му се потребни за нормално функционирање. Затоа Nutri-Score покажува која храна може да се конзумира почесто, а која треба да се ограничи, од најхранливото зелено А до најмалку богатото црвено Е.

Nutrino Lab е нов бренд на пазарот за здрава храна специјализиран за производство на пире и сокови од овошје и зеленчук. Се разликува од другите брендови по уникатната технологија со која овошјето и зеленчукот се обработуваат на таков начин што ќе ги задржат сите нивни нутритивни вредности, витамини и минерали, сето тоа без никакви адитиви.

Строго контролиран производствен процес под надзор на професионален тим технолози, кои со своето знаење и имагинација придонесуваат за различноста на вкусот, балансот на хранливите својства и безбедноста на финалниот производ.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.