Џорџо Армани им одржал неверојатен говор на младите: Вака се станува и останува успешен!

Неверојатен човек

Еден од најпознатите модни креатори во историјата, Џорџо Армани, добил диплома на 88 година. За таа пригода одржал неверојатен говор, со којшто им испратил важна порака на младите луѓе денес

Џорџо Армани добил почесна диплома за глобален бизнис-менаџмент во театарот Municipale, во неговата родна Пјаченца.

Во говорот со којшто им се обратил на присутните рекол:

„Со храброст и самодоверба, секогаш гордо ја негував и ја бранев својата независност. Го слушам туѓото мислење, но јас сум тој што ги донесува одлуките, секогаш одмерувајќи ги ризиците и придобивките, со голема одговорност.“

Во што е тајната на неговиот успех? Како успеал да се одржи на врвот на кариерата и покрај сите промени? Токму тоа им го открил на студентите што го слушале и впивале секој негов збор.

„Јас сум рационален креативец, но нагонот секогаш доаѓа од страста, од интуицијата и од силната желба да се оствари нешто. Освен тоа, секоја идеја е резултат на вљубеноста во оваа работа, која за мене претставува живот и непрекинат чин на љубов. И вам ви препорачувам да ја негувате љубовта кон она со коешто се занимавате. Учете посветено, набљудувајте ја реалноста и работете со страст и доследност, не дозволувајќи да ве обесхрабрат или прелажат со лесни успеси, бидејќи суштината е она што вреди.“

Дали се согласувате со него?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.