„60-тите се одлични, дури сега живеам“: За неа се зборува дека направила премногу пластични операции

Во новото интервју за People, Деми Мур зборува за тоа дека со нетрпение го очекува својот 60-ти роденден во ноември, своето прво модно партнерство и за креирањето сопствени стилски правила.

Деми Мур остави свој белег. Ја избричи главата, совлада склекови со една рака, се бореше за рамноправна плата во Холивуд и ја разголи душата во најпродаваните мемоари.

Сега, додека се подготвува да го прослави својот 60-ти роденден во ноември, презема нов предизвик: дизајнира колекција за инклузивниот бренд за костими за капење Andie.

За 59-годишната актерка колекцијата „Demi Moore x Andie“ е повеќе од бикини кои одлично ѝ прилегаат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

Станува збор за кршење на застарените правила за тоа што треба и што не треба да носат жените по одредена возраст.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

(Кампањата) ја менува оваа идеја дека како жени стануваме помалку пожелни како што старееме. Не сакаме да бидеме конзервативни или да не се чувствуваме секси“, изјави Деми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Demi Moore (@demimoore)

За популарната актерка прифаќањето на сопствената возраст било „ослободувачко“. На прашањето на што најмногу му се радува кога ќе наполни 60 години, таа вели:

Не се дефинирам со бројка, туку со моето искуство. Имате 59 и веќе размислувате: ‘Па, јас идната година ќе наполнам 60 години’. Се чувствува многу ослободувачко. Кога ќе помислам на баба ми на 60 години, таа веќе на некој начин се помири со староста. Но, се чувствувам, на многу начини, поживо и поприсутно од кога било!“

Фото: Инстаграм

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.