Бизнисменот Владимир Стајиќ и неговата долгогодишна љубов Јулија запливаа во брачните води

Незаборавна музичка програма

Познатиот скопски бизнисмен Владимир Стајиќ вчера, по долгогодишна врска со неговата избраничка Јулија, го кажаа судбоносното да.

Свадбата се одржа во хотел Мериот во Скопје. Владимир и Јулија забавата ја отворија со танго на Чарлс Ромуалд Гардес познат како Карлос Гардел, кое во живо маестрално го изведе камерен оркестар од Битола.

Гостите на свадбата ги забавуваа доајенот на македонската народна песна Ефто Пупиновски и балканските ѕвезди Ацо Пејовиќ, Цеца и Аца Лукас.

Нашата Тамара Тодевска со Пејовиќ го изведоа дуетото „Поноч“ од автобиографскиот филм за Тома Здравковиќ.

Одлично расположените гости, меѓу кои, нивни пријатели јавни личности, бизнисмени, естрадни ѕвезди, се забавуваа со македонска и српска музика како и поп и рок хитови, до раните утрински часови.

Свадбената церемонија беше проследена со сите македонски обичаи, а младите во Соборниот храм Св.Климент Охридски ги венча поглаварот на МПЦ г.г.Стефан.

Венчална кума во црква на Владимир и Јулија беше Ана Камчева, а старосватица Дина Смилковска, другарка од детство на невестата.

Во матично, кум беше Стефан Стефановски, другар од детство на Владимир.

Веселите гости за време на целата свадбена церемонија објавуваа фотографии на своите профили од социјалните мрежи, ви пренесуваме дел од нив.

Погледнете дел од атмосферата:

Фото и видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.