Шакира упатила јавен апел: Пејачката моли да ѝ ги остават децата на мира! (ФОТО)

Не им е лесно...

Пејачка Шакира и понатаму поминува низ голема драма без оглед на тоа што од скандалот со Пике поминаа веќе неколку месеци.

Имено, таа ги моли тамошните медиуми да ги остават нејзините деца на мир, со оглед дека се под постојан притисок од медиумите и да ги следат папараци.

Во ова време на промена во мојот живот, како јавна личност, разбирливо е дека постои љубопитност кај медиумите за мене и моето семејство. Меѓутоа, моите деца, Милан и Саша, проживеаа тешка година, трпеа постојана опсада и немилосрден прогон од папараците и разните медиуми во Барселона. Сега, кога започнуваат нова фаза во своите животи, ги молам медиумите да не ги следат до влезовите на училиштата, да не ги чекаат пред вратите на нашите куќи или да ги следат по нивните активности поучилиште за да добијат што подобри фотографии, снимки, како што се случуваше секој ден во Барселона – напишала Шакира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Исто така, пејачката упати и јавен апел до медиумите да престанат да ги снимаат децата и да ги малтретираат, бидејќи не можат нормално да одат на училиште.

Верувам дека новинарите и фотографите се чуствителни на ситуацијата во која се наоѓаат Милан и Саша, па кон нив може да се однесуваат на најхуман начин, со оглед на тоа дека се работи за здравје и физички и емоционален интегритет на две малолетни деца, од 8 и 10 години.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.