5 нетипични научно докажани факти дека ќе живеете подолго: Проверете дали се пронаоѓате во некои од нив!

Интересно!

Животниот век на луѓето многу зависи од навиките што ги негуваат, а научниците дознале 5 факти што можат да укажат на тоа дека ќе имате долг живот

Научниците велат дека гените влијаат само 23 отсто врз очекуваниот животен век, а сѐ друго одредуваат животните навики што човекот ги негува.

Современите истражувања тврдат дека овие 5 знаци укажуваат на тоа дека ќе доживеете длабока старост…

1. Ракување

„Колку е посилен стисокот на раката толку подолго ќе живее човекот“, рекол британскиот научник што го спроведувал истражувањето околу 25 години.

Снагата на дланката е јасен показател на активна и синхронизирана работа на двете хемисфери. Од друга страна, слабиот стисок укажува на ментален пад и присуство на кардиоваскуларни болести.

2. Ушни школки

И древните кинески лекари сметале дека ушните школки се показател на долговечноста и здравјето на срцето. Истражувањата на научниците од Универзитетот Фудан во Шангај ја потврдиле валидноста на овие древни тврдења: кожата на ушната ресичка е исклучително осетлива и најмалите промени во протокот на крвта и ако нема вродена мана, служи како маркер за висок крвен притисок, ризик од атеросклероза, мозочен удар и коронарни болести.

3. Здрави црева

Познатиот руски имунолог Илја Мечников на почетокот од 20. век пишувал за директната врска меѓу состојбата на цревата и животниот век на човекот. Современите истражувања покажале дека Мечников бил во право. Здравата стомачна микрофлора значително се разликува од болната, бидејќи содржи повеќе корисни бактерии, а нивната разновидност практично не се намалува со текот на годините. Добрата вест е што стомачната микрофлора може да се обнови.

4. Младежи

Иако повеќето луѓе многуте младежи на телото ги доживуваат како алармантен индикатор, истражувањето на американските генетичари тврди дека големиот број младежи претставува генетски механизам за заштита од брзо стареење на клетките.

5. Оптимизам

Ова можеби е најочигледниот знак за долговечност. Емили Рогалски, професорка по невронаука на Универзитетот во Чикаго, објавила резултати од своето истражување пред неколку години. Излегло дека оптимизмот е еден од главните знаци на долговечност, бидејќи способноста да се занемарат ситните проблеми во животот е резултат на ретките вретенести неврони во мозокот, што ги открил австриски невролог. Овие неврони ги зајакнуваат врските меѓу различни делови од мозокот, помагаат во одржувањето на неговата невропластичност, штитејќи го целото тело од стареење.

3 тајни на младоста и долговечноста на луѓето постари од 70 години
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.