Пукна тиквата: Тамара Тодевска и Катарина Ивановска повторно се скарани, овојпат причината е сериозна! (ФОТО)

Повторно ли?

Фото: Инстаграм

Блиските другарки, пејачката Тамара Тодевска и манекенката Катарина Ивановска повторно не се во добри односи.

Како што дознава тимот на „Убавина и здравје“, двете другарки овој пат не сакаат очи да си видат една со друга, а причината наводно била – изневерена доверба.

Еден од доказите дека со нив навистина нешто не е во ред, говори и фактот што двете си ги избришале сите заеднички спомени на социјалните мрежи.

Да, вистина е дека Тамара и Катарина се скарани. Се налутија една на друга, а точната причина не би сакал да ја откријам. Јавете им се на нив и прашајте ги”, ни изјави нивни заеднички пријател, кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.

Ова не е првпат двете другарки да се скараат. Двете не беа во добри односи и пред неколку години, а се шпекулираше дека односите ги расипале пред венчавката на Тамара со Александар, па затоа Катарина ја немаше улогата на старосватица.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.