„Пцуе и вика како да е на ливада“: Соседите открија што мислат за Теодора Џехверовиќ! (ФОТО)

Децата ја обожаваат, повозрасните велат дека не е воспитана...

Популарната пејачка Теодора Џехверовиќ е многу активна на социјалните мрежи и често ги покажува моментите од приватниот живот.

За неа прозбореле и соседите, па откриле каква е пејачката кога камерите не се вклучени.

Откако се пресели тука, ја гледаме повремено, но не поздравува кога ќе помине. Тука живее со Илда Радончиќ. Гледам дека се популарни кај децата, се сликаат со неа. Теодора застанува да се слика, некогаш пак поминува како ништо да не се случува, потполно ги игнорира. Изгледа разгалено, но не сум ја запознала лично за да судам“ – рекла соседка на пејачката.

Исто така и неколку тинејџери прозбореле какво впечаток им оставила Џехверовиќ.

Таа со нас е супер, секогаш е добро облечена и ги сакаме нејзините песни. Често ни доаѓаат другарки да седат тука за да ја видиме. Точно понекогаш е мрзелива, особено, особено кога не е средена, па не сака да се слика, но добро. Ние не ѝ се лутиме за тоа, нејзиниот карактер е таков – рекла Дијана, а Анастасија додала:

Моите родители ме критикуваат дека ги слушам нејзините песни, но јас ја сакам таа сцена. Неа особено, бидејќи ми е сосетка, но гледам дека возрасните ја хејтаат.

Тоа го потврдил и повозрасен сосед:

Знам која е таа, но не знам каква музика изведува. Знам дека е позната и популарна. Бадијала е тоа се, ако не е воспитана. Сум ја сретнал неколку пати тука, гласна е, се однесува како да е сама. Пцуе и вика како да е на ливада. Денеска е лесно да си познат, но тешко е да си воспитан – истакнал тој.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.