Ограбена вилата на Дејвид и Викторија Бекам: Украдени илијадници евра вредни дизајнерски и електрични предмети!

Парот повикал полиција, истрагата е во тек...

За време на грабежот во луксузниот дом на Дејвид и Викторија Бекам во западен Лондон, украдени се предмети вредни илијадници фунти – објавија британските медиуми.

Се верува дека грабежот во куќата на славниот пар се случила доцна на 28 фебруари, додека Бекамови биле внатре со нивната 10-годишна ќерка.

Според пишувањата на таблоидот „Sun“, грабежот не бил откриен се додека синот Круз Бекам (17) не се вратил од ноќно излегување и забележал скршен прозор и ограбена спална соба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Лондонската полиција потврдила полицијци ноќта на 1-ви март одговориле на дојава за грабеж во куќа на подручјето на Кенсингтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)

Претставник од полицијата додал дека е пријавено дека недостигаат неколку предмети. Инаку се уште нема апсење, а истрагата продолжува.

Според пишувањата на „Sun“, помеѓу украдените предмети има вредни дизајнерски и електрични предмети.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.