Еве како да добиете интензивна црвена боја без капка хемија: Метод што дава најдобри резултати!

Природно решение

Црвената е традиционална боја со која ги бојосуваме велигденските јајца

Црвената боја ја симболизира пролиената крв на Исус Христос за време на мачењето и распнувањето на Велики петок. Првото јајце, чувар-куќа, задолжително се бои со црвена боја, додека за другите одлучувате сами.

Денес постојат многу техники на бојосување и украсување велигденски јајца, а повеќето од нив вклучуваат вештачки бои. Сепак, ако повеќе сакате природни варијанти, најдовме начин да добиете убава црвена боја, без да употребите ни капка хемија.

Сок од вишни

Ако сакате вашите црвени јајца да имаат изразено интензивна боја, послужете се со сок од вишни. Постапката е иста како и методот со луковина – се ставаат јајца во тенџере, се прелеваат со сок од вишни и се додаваат малку сол и оцет. Сварете ги јајцата во сокот и оставете ги да се оладат.

Може да користите и цвекло

Не фрлајте го сокот од цвекло што ќе ви остане во тегла откако ќе ги изедете сочните плодови. Постапката е иста како со сокот од вишни. Ако сакате понежни нијанси на црвена, разредете го сокот од цвекло со малку вода.

Впечатливо зелени велигденски јајца: Еве како да добиете интензивна боја без капка хемија!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.