Моника Миленкоска: Истрајна и трпелива

За што размислува, што планира, на што се надева бренд-менаџерката во една од најголемите европски дистрибутивни компании „Орбико“.

Моника Миленкоска повеќе од 11 години е одговорна за повеќе светски популарни брендови кои бележат раст.

Кој е моментално најголемиот професионален предизвик со кој се соочувате?

До крајот на оваа предизвикувачка година остануваат краток број денови, остварување на сите зададени цели почнувајќи од зачувување на мотивацијата на тимот на највисоко ниво до 31.12. сè до остварување на сите таргети кои си ги зададовме е мој најголем предизвик во овој момент, како и поставување нови цели за новата година кој следи.

Што ви дава мотивација во тешките мигови?

Од личен аспект, мојата најголема мотивација е семејството. Тие се мојот најголем извор на инспирација и мои најсилни поддржувачи исто така. Професионално, работата во тим е мојата мотивација да направам добра работа. Обединети стоиме, поделени паѓаме е мојата мантра за успех веднаш. Работата во тим ме научи многу повеќе.

Какви жени вас ве инспирираат?

Жени кои не се плашат од неуспех и споделување помалку добри искуства, тоа за мене е предмет на инспирација, совршенство не постои и тоа мораме да го потенцираме. Жени, кои и покрај тоа што се со ограничени можности, успеале работејќи заедно да застанат на пиедесталот.

Која е најголемата промена што ја имате доживеано на професионален и личен план годинава?

Од година во година созреваме, се надградуваме и соочуваме со најразлични нови предизвици. Постковид-периодот, кој непрекинато трае и нè сплотува сè повеќе. Доста промени во начинот на работење, подобро менаџирање, нови начини како да се презентираат сите промени на тимот, нови работни задачи се само дел од промените од кои не би можела да издвојам посебна сите се посебен предизвик сами по себе.

На личен план, доаѓањето на мојот свршеник во мојот свет е нешто што апсолутно ми ја обележа 2023. 😊

НАЈВАЖНИТЕ ЛЕКЦИИ

Три карактерни особености на успешна жена-менаџер?

Мотивацијата за работата и успехот, креативноста и отвореноста со голема почит кон тимот се карактерни особини кои апсолутно  е потребно да ги поседува успешна жена менаџер.

Која е вашата формула за успех?

Тајната формула за успех е да престанеме да трагаме по неа и да почнеме да дејствуваме кон остварување на нашите цели.

Постојат работи врз кои не можеме да влијаеме, а не сме ги избрале ние самите. Затоа, да влијаеме дупло повеќе онаму каде што можеме

Она што денеска е моја цел е да имам навистина убав ден, а од утре целиме на повисоко.

Кога ќе погледнете наназад, на што сте најмногу горда?

На својата истрајност и храброст преку јасните цели што ги имам во сите животни ситуации или со други зборови, да не се откажувам  кога ќе наидам на пораз.

Бидете истрајни и трпеливи е моето мото секогаш.

Разговарала: Јована Стојменовиќ

ФОТО: Стефан Трпески

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.