Лозано ја откри локацијата и градот во кој ќе настапува за Нова година! (ФОТО)
Миленикот на публиката се пофали на социјалните мрежи...
Моментално нашата најголема музичка ѕвезда Влатко Лозаноски – Лозано е еден од ретките македонски изведувачи кој веќе објави каде ќе настапува за дочекот на најлудата ноќ.
Лозано на 31.12 ќе настапи во градот на конзулите, односно во хотелот „Епинал“ во Битола.
Заедно со својот бенд, Лозаноски ќе одржи тричасовен настап каде ќе ги пее своите најголеми хитови, но и песни на неговите колеги од македонската естрада и регионот.
Инаку и покрај тоа што 2021 година беше една од најтешките за музичарите, Лозано може да се пофали со десетици успешни настапи во градовите низ земјата, како и нашата метропола.