Профемина 2021: Clean Eating – зошто добрите бактерии се толку добри за нас?

Студија на случај

Дознајте на петото издание на популарната регионална конференција за жени „Профемина“, која ќе се одржи на 8 декември (среда) во хотелот „Хилтон“ во Скопје!

Читателите на највлијателниот магазин за жени кај нас и во регионот „Убавина и здравје“ со нетрпение го очекуваа одржувањето на петата по ред конференција „Профемина“ кај нас, која минатата година, поради пандемијата на ковид-19 и мерките за заштита на јавното здравје, не се одржа.

Но оваа година, „Профемина“ повторно ни доаѓа во нашата престолнина, овој пат во хотелот Double Tree by Hilton, на 8 декември (среда) со почеток во 10 часот.

Зошто добрите бактерии се толку добри за нас? Која е врската меѓу здравјето, имунитетот, убавината и пробиотиците? Поддршка на исхраната на бремените жени! Постои ли клуч за вита става? Присутните гости одговорите на сите овие прашања, како и на прашањата што сами ќе ги постават од публика, ќе можат да ги добијат од м-р Ана Антовска, нутриционистка во клиничката болница „Аџибадем Систина“, во рамките на втората студија на случај на „Профемина“ – #Cleaeating, поддржана од Biogaia.

Модератор на студијата, која почнува во 11: 10 ч, и водителка на конференцијата, е Јована Стојменовиќ.

Како да присуствувате?

ВЛЕЗОТ Е СЛОБОДЕН! Сите наши заинтересирани читателки и поддржувачи на магазинот „Убавина и здравје“ можат да си го резервираат своето место на оваа престижна конференција.

Пријавувањето може да го направите на мејл-адресата event@colormedia.com.mk, најдоцна до 6.12.2021.

Потребно е да го напишете вашето име и презиме, како и името и презимето на пријателите со кои би сакале да дојдете и да размените искуства со врвните експерти – панелисти на конференцијата. Побрзајте, бројот на местата за седење, подароците и изненадувањата од нашите клиенти се ограничени.

Согласно протоколите за заштита на здравјето на населението од ковид-19, сите присутни треба да поседуваат сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18 години, и заштитна опрема.

Конференцијата стартува во 10 часот наутро, на 8 декември 2021 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје.

Не заборавајте да се регистрирате при влезот за да учествувате во лотаријата – полна со вредни подароци од пријателите на конференцијата: VichyEsensaBiogaiaRevalidKrka, La Roche – PosayZan Mitrev ClinicA1Halk Bank,  Teoxane,  Violeta други верни пријатели на највлијателното списание за жени „Убавина и здравје.”

Програма на петтата регионална конференција „Профемина 2021“ во организација на највлијателниот магазин за жени „Убавина и здравје можете да ја погледнете ТУКА.

Текст: Убавина и здравје

Фото: ПР, Getty Images

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе