Вил Смит и неговата сопруга првпат на црвениот тепих по шлаканицата на Оскарите што го обиколи светот (ФОТО)

Излегоа од илегала

Вил Смит и Џејда Пинкет Смит му се придружија на семејството на првиот црвен тепих по скандалот на Оскарите.

Актерот Вил Смит присуствуваше со сопругата Џејда Пинкет Смит и нивните три деца на своето прво појавување на црвениот тепих откако му удри шлаканица на Крис Рок на Оскарите.

54-годишниот Вил беше исклучително повлечен откако му удри шлаканица на комичарот. Ретко се појавуваше во медиумите, а беше загрижен за понатамошната кариера. Сепак, неодамна го сними првиот филм по немилиот настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)

Целото семејство го поддржа појавувајќи се на премиерата на новиот филм „Еманципација“.

Актерот носеше елегантен бордо костум, додека Џејда беше во прекрасен балски фустан покриен со кристали.

Семејството остана обединето по инцидентот. Вил побарал извинување од Крис, а Џејда го поддржала.

Беше страшна ноќ, како што можете да замислите. Знаете, има многу нијанси и сложеност во тоа. Но, на крајот на денот, јас само – го изгубив тоа, знаете?, објаснил Вил, пренесува Mirror.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.