Сузана Манчиќ со рани над очите: Водителката објави фотографија по операцијата, никој не верува дека е таа (фото)

Не и е прв пат...

Го покажа своето лице

Сузана Манчиќ пред точно седум дена имаше операција на очните капаци, а сега покажа како изгледа по интервенцијата.

Водителката и поранешна „Лото“ девојка по медицинскиот зафат го покажа своето лице и откри дали е задоволна од тоа како изгледа сега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suzana Mancic (@suzanamancicofficial)

„Се навршуваат точно седум дена од корекција на очните капаци, вчера ги извадивме конците. Ми се допаѓа, задоволна сум“, напиша Манчиќ.

Ова не е прва естетска корекција што ја има Сузана. Таа еднаш призна дека имала операција на носот и градите кога била многу млада:

„Ги направив градите и носот на време, како многу млада девојка. А кога ме сретна големиот сликар Миќа Поповиќ ми рече: „Девојко, изгледаш како античка божица“. Сепак, после тоа отидов и го средив носот. После неколку години се решив и за градите“, рече во една прилика Сузана.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.