Северина Вучковиќ: Тие 20 месеци без мојот син не требаше да се случат, но јас преживеав

Нејзината кариера трае со децении, сопственичка е на голем број хитови, но сите успеси не може да се мерат со насмевката и среќата на нејзиниот син. Ги памети само среќните денови, а сѐ прави со страст и отворено срце. Тоа е Севе!

Кои беа најголемите предизвици и пречки на кои наидовте во текот на вашиот живот и кариера?

Најголемите приватни предизвици, за жал, се поврзани со борбата за мојот син, која сѐ уште трае, но јас, како мајка, не се откажувам. Најтешкиот дел беа тие 20 месеци без мојот син што не требаше да се случат, но јас преживеав. Не би му го посакала тоа на никого. Повеќе од 70 пријави, судски постапки, уставни тужби. Не само против мене туку и против моите соработници, најблиските пријатели, мојата внука и мојата 84-годишна мајка.

Дали досега исполнивте сѐ што сакавте на деловен и приватен план?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Мора да признам дека остварив повеќе одошто се надевав. Се реализирав и како битие што го следи својот музички, уметнички (дури и актерски) пат од детството. Се остварив и како мајка, што е најубавата бајка што ми се има случено. Не мислев дека животот, кој има подеми и падови, ќе биде олку дарежлив кон мене. Искрено, не ни размислував за тоа.

Не беше сѐ мед и млеко, но ако ова е севкупно животно прашање, можам да кажам дека ова каде што сум сега е многу повеќе од она што го очекував во мојата, како што велите, кариера. Иако, станува збор за мојот животен стил, па не сакам да го нарекувам кариера. Среќна сум што работев сѐ со страст и отворено срце. Имав многу убави и многу тешки мигови, но животот не може да се планира секогаш – животот е вечно школо и решавање тешки и лесни задачи, и така треба да го прифатиме.

Текст: Матеа Мартек

Фотографии: Санела Бабиќ

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.