Се развел за 65 секунди поради 26 години помладата љубовница: Како Мистер Бин успеал да ја разгневи ќерка му за миг?

Најбрзиот развод на светот

Ќерка му се откажала од неговото презиме

Познатиот актер Роан Аткинсон сите го знаеме по улогата на легендарниот Мистер Бин, чиј лик нè има насмеано безброј пати и тоа без да каже ни збор. И покрај тоа што ја засмејуваше целата планета со својата глума, приватниот живот на актерот е полн со тешки ситуации.

Актерот повеќе од 25 години бил во брак со Сунетра Састри, со која има две деца. Меѓутоа, долгогодишниот брак бил прекинат како никогаш да не ни постоел.

Роан запознал 26 години помлада колешка, која го освоила, а станува збор за Луиза Форд. Нив двајца ги споила комедијата Quartermaine’s Terms во 2012 година, додека новинарите успеале да ги забележат нивните средби во Лондон.

Скандалот кулминирал кога актерот соопштил дека се разведува во 2014 година. За да биде уште поинтересно, според шпекулациите, разводот траел вкупно 65 секунди. Разводот бил официјализиран врз основа на неразумното однесување на актерот.

Ќерка му Лили била погодена од фактот што татко ѝ ја оставил нејзината мајка и тоа поради друга жена. Лили тешко ја прифатила целата ситуација, а лутината кон татко ѝ резултирала со земање на мајчиното презиме, Састри.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lilysastry🌸 (@lily_sastryoffical)

Лили е вистинска слика и прилика на татко ѝ и го има наследено неговиот талент. И покрај тоа што не се истакнува во јавноста, има остварено забележливи улоги. Првата улога ја добила уште како девојче во приказната за Tooth Fairy, а потоа со татко ѝ играла во комедиите „Мистер Бин на одмор“ и „Џони Инглиш“.

Со 26 години помладата Луиза Форд, актерот во 2017 година добил ќеркичка.

Му се смееше цел свет, а неговата ќерка е вистинска убавица: Ова е наследничката на Мистер Бин! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.