Се огласи вдовицата на легендарниот пејач: Нејзините зборови ја кинат душата

Непребол

Судењето за сообраќајната несреќа во која загина Шабан Шаулиќ заврши и Турчинот Алсин Левент е осуден на три години и три месеци затвор.

По тој повод се огласи Гордана Шаулиќ, сопруга на легендарниот пејач.

Тажни сме и разочарани по се’, не поради висината на казната бидејќи од почеток знаевме дека германските закони не предвидуваат долгогодишен затвор за вакво недело… Нашата несреќа е што и по три години не видовме трошка каење во тој човек кој зеде два живота и две семејства зави во црно. Очекувавме по се’ во него да видиме макар трошка човечност, но тоа не се случи. Судијата и обвинителот својата работа ја завршија професионално и многу сме им благодарни заради тоа. Голема брагодарност до сите што не’ поддржуваа по трагедијата и што сочувствуваа со нашата болка, а тоа се милиони луѓе од целиот свет. Горди сме што Шабан никогаш нема да биде заборавен од нив. Со ова ставена точка макар на агоинијата што не’ следи од тој кобен 17 февруари, но болката и тагата заради загубениот живот на сопругот, татко и дедо засекогаш остануваат дел од нашите животи“, соопшти видно разочараната Гица.

Фото: Printscreen Twitter

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.