Продолжува семејната драма! Северина поради ОВА не присуствувала на рочиштето за кое се судат со сестра и` Маријана, нема опростување за тепачката

Шоубизнис

Стигнаа и до суд!

Северина Вучковиќ (50) минатиот четврток не се појави на доказното рочиште пред истражниот судија во Жупанискиот суд во Сплит, каде што Општинското државно правобранителство води истрага за нејзиниот конфликт со нејзината сестра Маријана Поповиќ летово, во кој случај пејачката беше обвинета за закани.

Северина наводно не се појавила поради болест и тоа на судот го пренел нејзиниот адвокат. Северина минатата недела го откажа снимањето на новогодишната емисија на ХРТ поради корона вирусот. Во Жупанискиот суд во Сплит сведочеше нејзината сестра Маријана, а следното рочиште е закажано за 28 декември кога се очекува да пристигнат Северина и нејзината мајка Ана Вучковиќ, како и уште еден член од семејството.

Адвокатката на Северина, Јасминка Билош не сакаше да ја коментира истрагата, а на следното доказно рочиште ќе ја замени познатиот сплитски адвокат Жељко Гулишија бидејќи не може да присуствува. По истрагата, ДОРХ ќе утврди дали има основа за поднесување обвинение против Северина.

Да потсетиме, летово полицијата ја приведе Северина на загрепскиот аеродром откако меѓу пејачката и нејзината постара сестра Маријана Поповиќ настанала тепачка во станот на нивната мајка Ана во Сплит. Северина и Маријана со месеци се лути една на друга, а нивната мајка се обиде да ја смири ситуацијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.