Последните денови на Тина Тарнер: Уживала да шета покрај езеро, а била дружељубива и скромна

Еве како ги поминала своите последни денови

Жителите на швајцарскиот град каде што починала Тина Тарнер откриле како славната дива ги поминувала своите последни денови

Музичката легенда Тина Тарнер ги проживеала своите последни денови талкајќи низ сликовитото швајцарско село , каде што има и езеро и кое го нарекувала свој дом.

Како што наведуваат, пејачката лежерно се шетала низ улиците на Куснахт, купувајќи дизајнерска облека и гурмански специјалитети. Понекогаш седела на клупа во локалниот парк, гледајќи ја природата.

И покрај тоа што имала личен батлер и комплетна послуга, ѕвездата се возела сама низ тесните улички во својот автомобил. Тина, која минатата недела почина на 84-годишна возраст, соседите ја паметат како „скромна“, „дружељубива“ и „пристојна“.

„Тина Тарнер понекогаш доаѓаше во град на шопинг. Имаше батлер, но сакаше сама да се шета со својот сопруг Ервин“, раскажал локален продавач.

Тина Тарнер се преселила во Куснахт во 1995 година, кога нејзиниот сопруг, Германецот Ервин, добил работа како директор на EMI Musica во Цирих. Се венчале во 2013 година. Истата година, Тина добила швајцарско државјанство и се откажала од американскиот пасош.

Тарнер, која научила да зборува германски за да стекне право на швајцарско државјанство и усвоила посебен швајцарски дијалект, одела на часови по јога во јавниот парк Хорн, оддалечен на неколку минути пеш од нејзиниот простран замок.

„Кога дојде да живее овде, почна да оди на јога. Ја посетуваше наставата што се одржуваше во паркот“, раскажала една сосетка, додека друг сосед додал дека сакала да оди во паркот и да седи покрај езерото.

„На луѓето што ги шетаа своите кучиња ќе им кажеше ‘Груези’, што значи ‘Здраво’ на швајцарско-германски јазик. Беше многу пријателски расположена“, открил тој.

Тарнер исто така често ја посетувала продавницата за дизајнерска облека „Ларедо“.

„Беше многу скромна. Не беше арогантна. Обожаваше обувки. Тука имаме некои многу убави обувки, изработени од италијански дизајнери. Чинат околу 1.000 швајцарски франци. Продаваме и облека. Нашите фустани чинат отприлика исто толку. Госпоѓата Тарнер обожаваше да ги купува. И купуваше џемпери од кашмир за својот сопруг Ервин“, раскажала продавачката.

Истиот впечаток го имала и жителка на селото Кармен.

„Ја гледав Тина Тарнер како се шета по улица со својот сопруг. Изгледаа многу опуштено и среќно заедно“.

Куснахт се наоѓа многу близу до Цирих и е дом на многу богати иселеници.

Се зборува англиски јазик во врвните продавници и ресторани со кои изобилува местото. Инаку, дворецот на Тина Тарнер покрај езерото бил продаден, а тоа се дознало само неколку дена по нејзиниот смрт.

Импресивниот имот што вклучува четирикатна главна зграда и голема градина, сместен на 1350 хектари земја, им бил дом на славната дива и на нејзиниот сопруг последниве 22 години, а таму и се венчале. Купопродажната цена на дворецот не е објавена, но се проценува дека цифрата изнесувала околу 86 милиони долари, и тоа во кеш.

(ФОТО) Последната фотографија на Тина Тарнер: Природна, без шминка, со прослава на животот и поинаков концепт за гордоста
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.