Оваа жена е куклата од насловницата во песната на Бора Чорба (ФОТО)

Бора Ѓорѓевиќ се прослави со песната „Лутка са насловне стране“, која е поврзана со средбата на музичарот и дамата која оставила длабока трага кај него, па некои од најпопуларните стихови на овој рок-бенд ѝ се посветени токму на неа. 

Станува збор за Билјана Невајда Шевиќ, една од најбараните модели на седумдесетите години на минатиот век.

Билјана и Бора се запознале случајно, за време на гостувањето во една емисија. Тогаш магазинот „Нада“ организирал свеченост во својата редакција на која присуствувале манекенка и музичар, а при оваа средба меѓу нив веднаш се појавиле првите искри.


Имено, додека Бора свирел една од најпопуларните песни „Лутка са насловне стране“, првпат ја здогледал убавата манекенка Билјана, во која се затрескал.

Десетина години подоцна, Бора и Билјана повторно се сретнале сосема случајно во Сплит, кога почнале да комуницираат, по што популарниот музичар бил фасциниран од убавата манекенка.

Двајцата почнале љубовна врска набргу по оваа средба, која траела само шест месеци. Билјана еднаш во медиумите откри дека причината за нивната разделба е тоа што никогаш не можела целосно да му верува на Бора.

Таа се заљубила во друг маж, поради кој ги оставила и музичарот и Белград. Со новото момче се преселила во Сараево, а потоа се омажила и добила дете.

Билјана важеше за вистинска убавица, фатална за машкиот род, а Бора Ѓорѓевиќ и посвети дури три песни. Кога раскинаа, музичарот го напиша текстот на песната „Остани ѓубре до краја“, која подоцна стана една од најпопуларните песни на бендот.

Како што еднаш раскажа Билјана, кога го оставила, тој ѝ се јавил и ги прочитал стиховите што ги напишал.

Беше вечер. Ѕвони телефонот, го слушам Бора. Ме замоли да се сретеме „под липата“ за да ми ја прочита песната што ми ја напишал. Седнавме на масата и тој ми читаше од неговата позната тетратка во која пишуваше стихови: „Не сум од тие што кукаат, те немам веќе и што да правам. барем насмевни се кога ќе ме видиш, остани ѓубре докрај!’ – рече Билјана, опишувајќи како се чувствувала кога ги слушнала зборовите од оваа песна:

Отпрвин, тоа „ѓубре“ ми звучеше малку грубо, но кога сфатив дека „ѓубрето“ е всушност опасна, феноменална личност со која е маѓепсан, а таа безмилосно го напушта, песната дефинитивно ми се допадна! Сепак, тоа беше се’. Во тој момент тоа не предизвика никаков трепет кај мене. Се сеќавам дека бев рамнодушена кога ми свиреа на свадбата. Воопшто не ме допре – изјави за српски „Телеграф“ поранешната манекенка, речиси 40 години по објавувањето на оваа песна.

Фото: Фејсбук

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.