Оваа пејачка и е идол на Теи Таировиќ, но која повеќе заработува од нив: „Никој не може да се спореди со неа“ (фото)

Секоја по свој пат или...

Едноставно се ненадминливи…

Без разлика дали е музиката или некоја друга професија, успехот не доаѓа сам од себе. Резултатите бараат многу одрекувања, труд и упорност, а сето тоа на своја кожа го почувствувала и пејачката Теа Таировиќ, за што проговори неодамна.

„Успехот секогаш доаѓа кога најмалку го очекувате. Се трудам да останам приземјена и да бидам нормална надвор од сцената. Мислам дека успевам во тоа. Сè уште водам нормален живот како порано, само што сум попопуларна“, изјавила Теа која не крие дека ја вкусила и другата страна на животот.

„Сега веќе знам да се носам со некои забелешки, коментари… да ставам под тепих, но добро, животот продолжува“, додала Теа.

Иако неодамна го наполни Ташмајдан и одржа незаборавен солистички концерт пред повеќе од десет илјади луѓе, Таировиќ продолжува да цели кон врвот на естрадата.

Исто така, Теа открила и чија кариера најмногу ја цени, но и која пејачка и е музички идол.

„За мене е Брена, дефинитивно, сепак, таа е единствената! Но, никогаш нема да имам нозе како нејзините и тоа е во ред! Мислам дека стигна многу подалеку од југословенските граници и секоја чест за тоа. Постигна успех кој се уште никој не може да го достигне“, изјавила пејачката.

За потсетување, Теа Таировиќ кариерата ја започна во Ѕвездите на Гранд. Тврди дека тој музички натпревар целосно и го променил животот.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.