Обожавателите одлучија да ѝ помогнат на Бритни Спирс да се ослободи од прангите на сопствениот татко

Слобода за Бритни!

Фото: профимедиа

Бритни Спирс минатата година откри дека била хоспитализирана против своја волја и дека била присилена да зема лекови од кои ѝ било лошо.

Пејачката ја шокираше јавноста со својата изјава, а целата приказна ја потврди нејзината мајка Лин Спирс, која вели дека Бритни веќе 13 години е под целосна контрола на нејзиниот татко.

Според многу обожаватели, Бритни е жртва на група луѓе, во која спаѓаат нејзините менаџери, издавачката куќа и семејство, и сето тоа трае од нејзиното детство.

Во 2007 година, пејачката не можеше да го издржи притисокот, а потоа се случи нејзиниот познат нервен слом, а фотографиите на кои таа ја бричи главата се раширија низ целиот свет.

Откако била хоспитализирана, Џејми Спирс, нејзиниот татко, побарал постојано старателство над својата „болна“ ќерка. Тој успеал во тоа и добил старателство врз основа на нејзината неспособност да донесува сопствени одлуки и рана деменција.

Од 2008 година, сите нејзини недвижнини, пари и големи животни одлуки се ставени под контрола на нејзиниот татко и адвокатот Ендру Валет. Бритни нема свои пари, но добива неделен џепарлак.

 


Не смее сама да вози автомобил, да се омажи, да гласа и слично.

Поп-пејачката дури и на суд кажа дека сака дете со своето момче Сем, но дека нејзиниот татко ѝ го забранил тоа, па сега нејзините фанови се решени да ѝ помогнат. Тие го започнаа движењето #FreeBritney на социјалните мрежи за да ја ослободат од контролата на нејзиниот татко за повторно да има нормален живот и ненарушени лични права.

 

 

View this post on Instagram

 

This blazer is simply classic !!!!! Thank you again for this sick jacket @AlexanderMcQueen ✨🧥⭐️💋 !!!!!

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Поради оваа објава, обожавателите повторно загрижени за менталното здравје на Бритни Спирс (ФОТО)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.