Невидено во македонските стари приказни: Како и каде се снимаа првите епизоди кои никогаш не се забораваат (видео)

Сите растевме со нив, а еве што се случувало зад камерите...

Времиња…

Македонски народни приказни се екранизација на голем број на македонски народни приказни собрани од собирачите на народни умотворби (Марко Цепенков, Кузман Шапкарев и други).

Овие кратки ТВ-епизоди беа снимени од страна на ТВ-Скопје, подоцна од МТВ во перидот од раните 80-ти, па сè до 2003 година.

Досега се снимени околу 300 епизоди, не вклучувајќи ги новите епизоди.

Познатата актерска екипа, за жал дел веќе покојни, Ѓорѓи Колозов, Шенка Колозова, Гоце Тодоровски, Ванчо Петрушевски, Лазар Бараков, Гоце Влахов, Владимир Ангеловски – Дади, Стојна Костовска, Димче Мешковски, Дубравка Киселички, Анче Џамбазова, Иван Каровски, Кирил Андоновски и останатите направија вистински ремек дела кои и ден денс будат носталгија кај многумина за едни дамнешни времиња.

Но дали некогаш сте се запрашале како и каде се снимаа првите епизоди?

Повеќето се снимени во скопските села, но и манастирскиот комплекс Св. Пантелејмон.

Ѕирнете зад камерите:

Видоо и фото: YOUTIBE / PRTSC

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.