Игор Којиќ ја откажа венчавката, Кеба се радува: Пејачот е пресреќен поради разделбата на синот (ФОТО)

Фото: Снежана Крстиќ, Милан Илиќ, Душан Миленковиќ/Рингиер

Раскинувањето на Игор Којиќ ги изненади сите.

Иако се пишуваше дека Игор Којиќ и Теодора Бјелица ја закажале својата венчавка за ноември, а само неколку дена подоцна се случи пресврт.

Фото: Немања Јанковиќ

Актерката откажа се’ и ја раскина свршувачката со синот на Кеба. Како што дознаваме, кога почнале да ја организираат венчавката, навистина се случиле несогласувања, не се договориле за многу работи, а Теодора сфатила дека нивниот брак нема да процвета бидејќи нивните ставови не се компатибилни.

На Игор воопшто не му е сеедно, жал му е за одлуката на Теодора, не ја очекуваше затоа што планираа свадба. Поради неа се исели од семејниот дом, а сега се пакува и се враќа кај родителите. Кога му кажал на Кеба дека свадбата сепак нема да се случи и дека Теодора му раскинала, прво бил во шок и помислил дека Игор се шегува со него. Кога сфатил дека не е шега, му рекол дека е подобро да се случи сега, отколку повторно да направи свадба како со Северина, па по неколку месеци да се разведе.

Кеба и Оља од почетокот не ја поддржуваа оваа врска бидејќи не им се допаѓало што Теодора е актерка која без проблем се соблекува поради улога. Но видоа дека Игор се заљуби и молчеа, што ќе прават, го поддржаа и кога им рече дека ќе се жени. Сега се чини дека се среќни што раскинувањето се случило навреме и што нема да има свадба. Му рекоа на Игор да оди некаде на море, а потоа да оди во Америка кај Наташа да се рестартира од се’ – открива извор близок на Кеба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.