Џенифер Лопез со емотивно видео го одбележа роденденот на близнаците! (видео)

„Мојата љубов кон вас е чиста и безусловна“

Децата на Џенифер Лопез пливат во тинејџерските води. Близнаците Еми и Макс го прославија 14-тиот роденден.

По тој повод, 52-годишната пејачка и актерка објави компилација од снимки со слатки семејни моменти.

Моите бебиња, моите сонца, моите љубови. Најсреќен роденден на моите два кокоси. Вие ме научивте на вистинското значење на животот и ме променивте засекогаш на најубавиот начин. Благодарана сум за вас! – стои во описот на Instagram.

Љубовта која ја чувствувам кон нив е толку чиста и безусловна, што ме натера да почнам да преиспитувам сè во мојот живот – вели Лопез во видеото. Погледнете…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.