Беше обвинет за дрогирање и сексуално злоставување, а сега им дели пари за кирија и сметки на загрозените
Хуманист
Јутјуберот им дели пари на луѓето што за време на пандемијата останаа без работа, а најчесто избира самохрани мајки
Јутјуберот и инфлуенсер Џефри Стар од почетокот на пандемијата на коронавирусот им дели пари на своите обожаватели, пишуваат странските медиуми.
Имено, Стар на своите фанови за кои ќе процени дека се најмногу погодени од новонастанатата ситуација им уплаќа пари преку апликација.
Јутјуберот износите од 250, 1.000, 3.000 и 5.000 долари им ги дели на обожавателите што во кризата останале без работа, а најчесто избира самохрани мајки, пренесуваат американските медиуми.
Така кон крајот на март на анонимната Аурора, која е самохрана мајка на две деца, ѝ дал неверојатни 30.000 долари, пишува „Индепендент“.
Џефри вели дека сака да им помогне на сите обожаватели да ги платат сметките откако голем број од нив останаа без работа. Пари дели само на територијата на САД.
Потсетуваме, мегапопуларниот јутјубер и сопственик на козметичкиот бренд JSC, 34-годишниот Џефри Стар е обвинет за наводно сексуално злоставување на малолетник, пренесуваат странските медиуми.
Неколку лица наводно потврдиле дека Стар сексуално го злоставувал Гаги Артур во време кога тој бил малолетен бездомник. Наводно, Џефри им понудил на Артур и на уште неколку лица по 10.000 долари да молчат за тоа.
Тој, наводно, го дрогирал малолетниот Артур, а потоа го принудувал на секс.
Адвокатот на славниот јутјубер ги демантира овие наводи, нарекувајќи ги измислици.
Фото: Инстаграм