Андријана Алачки скршена од тага, ја изгуби најголемата поддршка:„Ти ни беше столбот во семејството!“

Со објавата расплака многумина

Познатата македонска пејачка и водителка Андријана Алачки денес на социјалната мрежа Фејсбук, објави емотивна порака посветена на нејзината сакана свекрва која за жал го напушти овој физички свет.

Иако Андријана и нејзиниот сопруг Горан Алачки се разведоа судски уште пред неколку години, очигледно таа со својата свекрва останала во блиски, хармонични односи. За Андријана,свекрвата Натка Алачки била столб и поткрепа во семејството. Целиот поздрав прочитајте го во продолжение…

Фото: Фејсбук

Со голема тага и силна болка ја примив веста за смрта на мојата свекрва, Натка Алачка. Беше борец, силна, одлучна, но тивка и кревка. Беше пример за сопруга, мајка, баба, пријател. Со неа поминав многу долги години од мојот живот, ми беше поткрепа во животните метежи, се радувавме и плачевме заедно и секогаш ќе ми останат сите нејзини совети како една книга оставена во аманет. Беше прекрасна, грижлива и посветена баба на моите деца. Секогаш велеше,, терај си ја работата, јас сум тука”. Сега веќе не си тука, но вечно ќе живееш во нашите срца, спомени и времиња.
Твоето име ќе се спомнува, затоа што остави добри дела позади себе. Беше столб во семејството, не дозволуваше ниту една бура да те разниша, секогаш беше со главата горе, горда и достоинствена. Сеуште го паметам мирисот на твоите малешевски зелници, пишии и твоите кадн’ки…никој не знаеше подобро од тебе…ти благодарам за СЕ!!!
Летај кај ангелите, светол да ти е патот, почивај барем сега во мир!
Лесна ти земја, божествена мајко🙏😭🖤

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.