Ќерката на Шабан Шаулиќ доживеала непријатност на настап: Била нападната од гостин, морало да реагира обезбедувањето! (ФОТО)

Не е лесно да си пејачка...

Фото: Глориа

Илда Шаулиќ, ќерката на покојниот Шабан Шаулиќ настапувала во Белград, каде направила атмосфера за паметење. Меѓутоа однесувањето на еден од гостите ја расипало вечерта.

„Илда е госпоѓа, таа никогаш не би дозволила да ја помине границата со публиката. Таа има интеракција со публиката, но постои граница, а гостите не можат да се однесуваат како тие сакаат само затоа што и даваат пари. Илда не е во тој филм, пее за тоа што сака, а не за да преживее од тие пари – изјавил извор близок на пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ilda Saulic (@ildasaulic)

„Ситуацијата била многу непријатна, обезбедувањето на крајот го исфрлило човекот кој ја вознемирувал цела вечер. Покојниот Шабан не беше воодушевен кога Илда одлучила дека сака да тргне по неговите чекори, бидејќи знаел дека не е лесно да се биде пејачка и дека на жена како неа не и е местото во кафеана. Постојано се плашеше што ќе и се случи – рекол изворот и додал дека најбурно реагирал сопругот на Илда, Бојан.

„Многу се вознемири. Инаку никогаш не ја пушта сама, но таа вечер ја чувал ќерката Ема. Тој одлучил после овој инцидент да ангажира обезбедување – открил изворот и кажал дека Бојан е подготвен на се за да ја заштити сопругата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.