Исплива снимка од Јелена Карлеуша како ја пее една од најтешките балади: Се огласи пејачката и го порача ова! (ВИДЕО)

Имате предизвик!

Јелена Карлеуша одлучила по претставувањето на 19-те нови песни од своите два албуми „Алфа и Омега“, да објави на социјалните мрежи како изгледало снимањето за една од нејзините најемотивни балади „Ја“.

Пејачката во објавата напишала дека ги предизвикува сите млади таленти да ја испеат оваа песна и да ја тагираат, а после тоа ќе го изберат победникот и таа песна во следна прилика заедно ќе ја изведат на некој настап.

„Снимив премногу претешки пејачки песни, но мислам дека оваа е потешка и од „Тихи убица“ и „Не вреди“. Многу тешка за пеење во „лајв“. Еве еден пејачки „челинџ“ за сите млади пејачи. Снимете како ја пеете оваа песна и тагирајте ме. Ќе го објавам оној кој ќе биде најдобар и ќе биде со мене гостин во една од наредните емисии во живо, каде заедно ќе ја пееме во живо. Запаметите, покрај техниката за дишење, поставката на вокалот и дикција, во оваа песна најважно срцето. Емоција, дајте ми го вашето срце“ – напишала пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.