Интервју со Сања Барби за новата песна: На луѓето им се допаѓа, добивам постојано позитивни критики (ФОТО)

Дали ја слушнавте вие?

Познатата пејачка Сања Цинцева или во јавноста позната како Барби, пред неколку недели ја промовираше нејзината најнова песна со наслов „Срце балканско“.

Одлична песна, со уште поодличен видеоспот кој предизвика внимание кај публиката…

Какви се впечатоците на публиката, колку е таа задоволна и кои се идните планови, Барби открива во ова интервју…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

 Како си задоволна од тоа како поминува песната кај публиката?

Презадоволна сум од песната, помина супер преубави коментари добив за целиот проект, им се допаѓа на многу луѓе.

Кои се најчестите коментари, што велат пријателите, колегите?

Најчести коментари се за дечињата дека се преслатки преубави насмеани и разиграни, коментари во стилот да продолжам вака и уште многу да изненадувам, преубава ти е песната, преубава си ти. Искрено јас лош коментар од луѓето околу мене не добив, туку напротив.


Снимивте доста интересен спот, колку време траеше снимањето?

Искрено не траеше многу, се снимаше во еден ден…

 На кои локации се снимаше?

Се снимаше во студио и во населбата Шутка.

Која твоја песна ја сметаш за најголем успех?

Не можам да одвојам, секоја си има своја тежина и успех. „Министерка“ ја сметам за моја лична карта.

Од денешна перспектива гледајќи на твојата кариера, што би променила да можеш?

Сметам дека не постои човек на планетава кој не греши. И најголемите светски имиња во музиката правеле многу грешки и тоа е нормално. Како велат, од грешките учиме. Искрено има, да има работи кои можеби не би ги променила сега да можам, туку би постапила поинаку, но не се каам за ништо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

Постои ли твоја песна за која денеска можеби не би ја снимила?

Не постои,  сите ми се снимани од душа и срце. Никогаш не се каам за ниту една која сум ја снимила.

  Колку се дружиш со колегите од естрадата?

Многу ретко, едвај кога ќе се начекаме на некој фестивал…

Чуствуваш ли љубомора од твоите колеги?

Да!

Освен музиката, што е тоа што те прави среќна во животот?

Пешачење во природа заедно со моето куче кое што ми дава позитивна енергија, дружење со моите пријатели, семејството кое без не можам. Пресреќна сум кога сум во село Негрево, пехчевско, каде сум далеку од овој модерен и виртуелен свет, таму ги полнам батериите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by SANJA CINCEVA ® (@sanjacincevaa)

Зошто толку го криеш твојот љубовен живот?

Во принцип не сакам многу да зборам за приватниот живот и за љубовниот статус, меѓутоа морам да признаам дека ништо не се случува моментално, не сум во љубов, немам момче, слободна девојка сум.

Какви мажи те привлекуваат?

Смеѓи, паметни, успешни, да имат смисла за хумор. Скромна сум, нели?

Има ли шанса во блиска иднина да те видиме во венчаница?

Дај боже, не можеме да го знаеме никогаш тоа пред време. Сега за сега нема такво нешто меѓутоа, зошто да не. Се надевам дека ќе го најдам човекот на мојот живот. па ќе имам прилика да облечам венчаница, секогаш оставам Бог да ме води .

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.