Го чека затвор: Хрватски пејач злоупотребувал деца за порнофрафија!

Ужас..

Јосип Каталениќ, хрватски пејач е осуден на 4 години и 11 месеци затвор поради искористување деца за порнографија. Против пејачот, како што пишуваат хрватските медиуми, беше покренато обвинение уште во 2015 година, а тој дури двапати бил уапсен поради нови докази поврзани со детска порнографија.

Според информациите од Општинскиот суд во Вараждин, против Каталениќ е донесена неправосилна првостепена пресуда за кривичното дело искористување деца за порнографија, на кое има право на жалба. Поради заштита на правата, судењето било затворено за јавноста.

За најголем дел од кривичните дела обвинетиот е осуден на единствена затворска казна од 4 години и 11 месеци.

Обвинението против Каталениќ било вратено во 2015 и во 2016 година по истрагата. Тој бил уапсен двапати, првиот пат на 29 април 2015 година, а вториот пат во мај истата година поради нови, дополнително откриени кривични дела поврзани со детска порнографија.

На Каталениќ му е изречен едномесечен притвор, не само поради опасност од повторување на кривични дела, туку и поради можното влијание врз сведоците.

Како што пишуваат хрватските медиуми, наводно се појавиле сведоци кои тврделе дека имаат докази за кривичното дело воведување деца во порнографија, па државното обвинителство побарало притвор, што потоа Жупанискиот суд го одредил.

Пејачот двата пати бил пуштен со кауција, која првиот пат била околу 6.000 евра, а вториот пат наводно околу 100.000 евра, објавија хрватските медиуми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.