Желна за внимание: Насекаде го „влече“ со себе намуртениот сопруг, игра на маси и тврди дека старее природно!

Дали Џенифер Лопез е новата Мадона?

Џеј Ло е икона, тоа е неоспорно, но дали тоа што времето ја гази, ја принудува да прави работи што не се достојни за ѕвезда каква што е таа?

Го следиме нејзиниот љубовен живот од самите почетоци на нејзината кариера. Нејзиното враќање кај големата љубов Бен Афлек го шокира целиот свет пред неколку години, а сега се чини како да претерува во сè, само за да остане релевантна во овој свет, каде што ништо веќе не е доволно добро за да го задржи вниманието повеќе од неколку часа.

Џеј Ло дефинитивно е една од најубавите жени на светот, која и сега на своите 54 години изгледа подобро од повеќето двојно помлади жени. Тврди дека нема правено пластични операции, што е практично невозможно со оглед на тоа како изгледа сега, дури и подобро од пред 20 години. Тоа го потврдуваат и бројни естетски хирурзи, но таа е паметна и кога става филери или импланти, внимава да не се забележува тоа толку лесно, ниту пак ги менува своите облини, за разлика од Ким Кардашијан, на пример.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Којзнае какви козметички третмани прави секојдневно, а покрај тоа, таа секој ден напорно тренира и ги има исфрлено шеќерот, кафето и благото од исхраната уште пред повеќе од 15 години.

Резултат на сето тоа е нејзиниот изглед денес, но не треба да се заборави и тимот што стои зад нејзиниот изглед, стилистите кои секојдневно работат на нејзините стајлинзи, фризерите и, секако, шминкерите.

Пред некое време, таа издаде и своја козметика, комплетно природна, за која гарантира дека има ефект и дека токму поради неа таа и понатаму е младолика.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Од друга страна, многумина имаат забележано дека нејзиниот сопруг Бен Афлек, од самиот почеток на нивната обновена врска која заврши со брак, изгледа очајно.

Можеби само му е доста од Холивуд и од шоубизнис, но сигурно не е лесно ни да се биде оженет со лавица, која секогаш сака да биде главна и во центарот на вниманието.

Така, деновиве на Интернет кружеше видео од нејзиниот 54. роденден што се одржал во куќата на Лопез и Афлек и на којшто присуствувале познати личности како Вупи Голдберг и многу други.

Џенифер Лопез, без никаква причина, сред бел ден, се качила на маса облечена во сребрен фустан што ја открива и најмалата мана, а притоа е и со разголен грб, и заиграла во свој стил.

@jloversjlo_ Go @JLO Go #JLo 🥳🤍✨ #jlo #jlobeauty #worldofdanceagain #jlovers #jlotiktokchallenge #jlochallange #secondact #jlobody #ramona #jenniferlopez #onthe6 #allihave #jlovaxlivechallenge #wodoutfitcheck #inthemorningchallenge #allihavefinal15 ♬ оригинальный звук – JLo Lover (Valsi)

Нејзините гости ентузијастично ја бодреле, а таа ги изведувала своите добро познати секси движења.

Роденденот се одиграл во нивната луксузна куќа во Лос Анџелес, која познатата двојка ја платила неверојатни 60 милиони долари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Што мислите вие за Џенифер Лопез? Дали полека тргнува по стапките на Мадона или во одреден момент ќе се помири дека, сепак, нејзината најголема слава е зад неа?

Џеј Ло ги „запали“ мрежите: Го слави роденденот во бела долна облека! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.