Најкрволочното куче што многумина го обожаваат: Доколку не се дресира како што треба, може да биде смртоносно ОПАСНО

Американски стафорд

Американскиот стафорд териер важи за едно од најопасните кучиња, но има и добри карактеристики

Неретко сме сведоци на немили настани во кои главните улоги ги имаат кучињата и жртвите на нивниот напад. Најчесто се работи за познатиот американски стафорд, кој воедно важи и за едно од најопасните кучиња.

Поради својата борбена природа, овие кучиња се многу крволочни, а постојат и ситуации во кои можат да бидат опасни по живот. Поседуваат храброст, борбеност и многу се интелигентни.

Приврзани се за своите сопственици, додека кон децата се заштитнички настроени. Во согласност со нивниот темперамент е и нивниот физички изглед – силни се и мускулести, а во однос на својата големина, брзи се и многу подвижни.

Нивната дресура и воспитување го диктира и нивното однесување во текот на животот.

Потеклото на американскиот стафорд

Расата стафорд е во директна врска со бул териерот и бостон териерот. Потекнува од стара бул и териер мешавина, која постоела во Британија и САД, на почетокот на 19 век, а според некои и порано.

Карактеристики

Возрасен мажјак може да достигне висина и до пола метар, додека женките се неколку сантиметри пониски. Просечната висина на американскиот стафорд за мажјаците е од 45,72 до 48,26 см, а за женките од 43,18 до 45,72 см. Нивната тежина обично се движи од 20 до 30 кг.

Имаат многу добро и стабилно здравје и многу ретко се разболуваат. И покрај тоа, имаат свои слаби точки, како што се очите, колковите и срцето, а животниот век им е од 12 до 16 години.

Што се однесува до исхраната, пожелно е да јадат оброци богати со протеини за да ги одржат мускулите. Јадат еднаш дневно, а оброкот би требало да тежи околу половина килограм, но тоа варира според тежината на кучето.

Имаат изразена потреба за активност, па не треба да ги ограничувате во тоа, односно треба секојдневно да им се обезбеди некаков вид игра и прошетка.

Тие се одлични чувари на домот, а една од способностите на стафордот е одлично да процени кој доаѓа со добри а кој со лоши намери во куќата.

Инаку, Македонците ја обожаваат оваа раса и многумина ги чуваат како миленици.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.