Ова е најздравата риба: Го снижува лошиот холестерол, го штити срцето и содржи најмногу омега-3 масни киселини

Дознајте

Дознајте која риба е најздрави и какви придобивки му нуди на организмот

Покрај тоа што има прекрасен вкус, скушата има и многу корисни својства за човечкиот организам. Содржи висок процент на омега-3 масни киселини, дури два пати повеќе од лососот, и поради тоа е одлична за регулирање на крвниот притисок.

Богата е и со селен, кој заедно со протеините создава антиоксиданси и го зајакнува имунолошкиот систем. Особено се препорачува за трудници, поради фосфорот и магнезиумот.

Малкумина размислуваат за придобивките од скушата, повеќето го ценат само нејзиниот извонреден вкус. Во својот хемиски состав, скушата содржи многу протеини и маснотии, а нив најмногу ги има во рибите уловени во текот на зимата во северните региони.

Вообичаената количина на масти е 13 грама што е доволно за рибата да биде дефинирана како масна. Во просек, содржи по 18 грама протеини, кои се апсорбираат три пати побрзо од протеините во говедското месо.

Скушата е нискокалорична риба. За да го оствариме дневниот внес на калории, би требало да изедеме околу 700 г риба, но не треба да се заборава на мастите што ги содржи.

Скушата содржи големи количини на незаситени масни киселини, антиоксиданси и минерални материи. Таа содржи калиум, фосфор, флуор, цинк, хлор, натриум. Тоа се микроелементи со многу придобивки. Целиот спектар на витамин Б се содржи во оваа риба. Има голема концентрација на витамин Б12 и витамин ПП.

Витаминот Б помага за синтезата на ДНК и учествува во метаболизмот на мастите. Честото јадење скуша го регулира шеќерот во крвта, му помага на дигестивниот систем и го зајакнува нервниот систем. Го поттикнува создавањето хемоглобин и снабдувањето со кислород.

Благодарение на мастите и незаситените масни киселини, таа е многу корисна за мозокот, кожата и косата. Големата концентрација на фосфор помага за изградба на многу ферменти, кои ги поттикнуваат хемиските реакции на клетките.

Целокупната виталност на организмот може да се обезбеди само со овој вид на риба. Фосфорните киселини во скушата се важно градиво за човечкиот скелет, поради што е многу корисна за децата, но и за возрасните.

Ова е најздравата риба на светот: Една порција неделно го штити срцето, го снижува холестеролот и ја подобрува меморијата!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.