Бојан Велевски се подготвува за големата стендап-турнеја! (ФОТО)

Со лесно!

Актерот Бојан Велевски вчера направи голема промоција за неговата стенд-ап турнеја, насловена како „Све ли ја да мислам?!“.

Велевски иако досега не беше многу присутен во медиумите, години наназад напорно работи со неговиот менаџер и настапува речиси во сите градови во Македонија.

Стенд-ап турнејата „Све ли ја да мислам?!“ ќе го има своето деби во Прилеп, на 13-ти септември.

Големото финале на турнејата ќе се случи на 18-ти ноември во Скопје, во Станица 26, а картите можете да ги купите ТУКА.

Актерот веќе неколку години е дел од „Lollipop entertainment group“ – одговорна за кариерата на многу домашни големи артисти. Покрај Бојан, меѓу нив е и DJ Babura Junior, кој во знак на поддршка ја отвори големата промоција на „Све ли ја да мислам?!“.

Водителот Марко Новески на самиот почеток го покани текстописецот на „Све ли ја да мислам?!“, познатиот Божидар Божиновски, да им се обрати на присутните.

„Инспирација има насекаде околу нас, дури и во поголеми количини отколку што можат да се опфатат во час и нешто стенд-ап. Има за до пензија инспирација стенда-пи да се пишуваат и после на децата да остане ко дуќанче. Со години чекам денови каде што ќе нема инспирација и ќе треба да се мисли на тапети или пердиња или со што и да се замараат оние што живеат во нормални општества. Опфатено е секојдневие, она што сме ние, она како сите ги гледаме другите и како другите нѐ гледаат нас, запознавање на природа и општество за повисоките одделенија“, истакна Божидар за инспирацијата за текстот за големата турнеја.

Веднаш по неговото обраќање, Велевски преку сатира, односно на специфичен, за него карактеристичен начин го означи почетокот на големата стенд-ап турнеја низ Македонија. Покрај шегите што ги кажа „на своја сметка“ и откри дел од материјалот кој публиката ќе има можност да го слуша – го нагласи и мотивот за реализирање на волку голем проект на домашната сцена.

„Оваа турнеја ја правам пред сѐ за сцената. Како што тоа изминатиов период го направија ДНК, Некст Тајм и Дарио, време е и комичарите да почнат да прават големи работи, а не само настанчиња за 60-70 луѓе секој втора недела“, рече актерот, па додаде:

„Затоа и ја барам поддршката од уметниците и општо сцената во Македонија. Да го свртиме вниманието кон стенд-ап сцената, која треба да е коректив во реално време на општеството“.

За успешна кариера и реализирање на соништата, секогаш е потребно да имаш некој кој безрезервно ќе те поддржува и ќе ти ги отвора патиштата до успехот. Во случајот на Бојан тоа е неговиот менаџер Јане Јанев, сопственик на „Лолипоп“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.